18/01/2022 toni

Наставата со физичко присуство започнува на првиот ден од месец февруари

Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за први февруари годинава, одлучи Владата на Република Северна Македонија по препорака на Главниот  координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Согласно одлуката, наставата со физичко присуство во училиштата продолжува на првиот ден од месец февруари.
Оваа одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.
Апелираме до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.