Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија земаа активно учество во акцијата за пошумување „Боренка“, организирана од ЈП Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија. Заедно со волонтерите од Гевгелија и ЗПСК „Кожув“, нашите ученици со голема енергија и посветеност помогнаа во обновувањето на опожареното подрачје во Смоквица. Пошумувањето беше реализирано во соработка со проектот GEF6 – Одржливо управување со земјиштето, поддржан од Министерството за животна средина и UN Environment Programme. Горди сме на нашите млади кои активно придонесуваат за зачувување и обновување на природата
Нашите ученици со придонес во акцијата „Боренка“ во Смоквица





