Наградени ученици и награда за СОУ ,,Јосиф Јосифовски”


Учениците од СОУ ,,Јосиф Јосифовски” учествуваа на натпреварот во цртеж и PPT презентација  на тема Здрава животна средина преку пречистување на отпадните води. Ученичката Магдалена Колева беше наградена за најдобра PPT презентација ,a ученикот Драган Илиќ за најдобар цртеж. Сите ученици кои ја посетија пречистителната станица во Гевгелија и учествуваа на натпреварите добија дипломи за учество.

Освен наградите за учениците нашето училиште доби благодарница за соработката и ламинатор за А3 формат. Оваа активност претставува дел од активностите во рамки на Проектот за третман на отпадни води, односно креирање на маркетинг стратегија  и стратегија за промоција на Пречистителната станица  на ЈПКД  “Комуналец”- Гевгелија. Во оваа активност беа вклучени и Детската градинка Детска радост-Гевгелија, ОУ Владо Кантарџиев и СОУ Јосиф Јосифовски-Гевгелија.

Проектот за третман на отпадните води односно изградбата на Пречистителната станица во Општина Гевгелија, финансиски е поддржан од Владата на  Швајцарија, Република Македнија, Република Грција и Општина Гевгелија.

Comments

comments

Check Also

Нови успеси на учениците од СОУ Јосиф Јосифовски по предметот Биологија

Под менторство на проф. Ани Костадинова на државниот натпревар по Биологија освоени се следните награди: …

Powered by keepvid themefull earn money