19/04/2018 СОУ Јосиф Јосифовски

Награда на конкурсот за есеј на тема: „Либерти Валанс: Правото на силата или силата на правото“

СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и оваа година учествуваше на осмото издание на Филозофскиот Филмски Фестивал  организиран од Филозофското друштво на Македонија подржан од Кинотеката на Македонија, Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје, Филозофскиот факултет, Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА и друѓи подржувачи на Фестивалот, на конкурсот за есеј на тема: „Либерти Валанс: Правото на силата или силата на правото“.

 

Учениците од четврта година под менторство на проф. по филозофија Снежана Арџанлиева Танева ги пишуваа своите трудови на оваа тема. Ученичката Мими Филова за својот критичко-аналитички есеј доби 3-та награда, уште еден нејзин успех овој пат во областа на филозофијата, а останатите ученици: Симона Трајанова, Пепита Бундова, Верче Стојанова, Љубе Андонов и Александар Павловски сертификати за учество од Филозофското друштво.