29/05/2019 СОУ Јосиф Јосифовски

“Најдобрите за најдобрите”

На 30.5.2019год. ( четврток ) во 20ч. во Народниот театар Гевгелија ќе се одржи манифестацијата „Најдобрите за најдобрите“.

Учебната година беше проследена со безброј  успеси на натпревари од регионален, државен и меѓународен карактер и  активно учество во многубројни проекти од различни сфери.  На најуспешите ученици ќе им се доделат пофалници за постигнатиот успех на регионалните, државните и меѓународните натпревари. Манифестацијата ќе биде збогатена исто така со културно-уметничка програма.