„Најдобрите за најдобрите“


На 30.5.2018год. се одржа традиционалната манифестација на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија „Најдобрите за најдобрите“ на која присутните имаа можност да слушнат за успесите на училиштето во рамки на учебната 2017/2018 година.

 

 

 

„Во секоја наша активност го користиме срцето, интелектот и душата. Тоа е тајната на нашиот успех“, рече во поздравниот говор Директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија Цветан Нелоски  пред присутните во Народниот театар Гевгелија.

Тој истакна дека учебната година беше проследена со безброј  успеси на натпревари од регионален, државен и меѓународен карактер, многубројни активности на средношколската заедница и активно учество во многубројни проекти од различни сфери.  На најуспешите ученици им беа доделени пофалници за постигнатиот успех на регионалните,државните и меѓународните натпревари.

 

 

 

Манифестацијата беше збогатена со ретроспективниот филм за учебната 2017/2018 година подготовен од проф. Тони Аврамов, настапот на најдобриот средношколки хор во Македонија, под диригенство на проф. Илија Атанасов, забавно-сценската програма „Ведра опачина“ на драмската група Титанија под менторство на проф. Жаклина Атанасова, како и со настапот на бендот  „Саут Ејнџелс“.  

 

 

Comments

comments

Check Also

Обука на тема: „Реализација на наставата-современи технологии,методски пристапи и образовна технологија“

На 1.12.2018год. и 15.12.2018год. во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се оддржа обука  на професорите  од страна …

Powered by keepvid themefull earn money