31/10/2022 toni

Мобилен парламентарен карван

Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија заедно со наставниците Билјана Панова и Ирена Никова, учествуваа во мобилниот парламентарен карван, насловен „Собрание за граѓаните“, кој што е дел од активностите на Собранието на Република Северна Македонија за зголемување на транспарентноста и отчетноста. На овој настан учениците се здобија со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата.