Во рамки на активностите опфатени во Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година заедно со Средношколската заедница на СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше одржана работилница за учениците во Училиштето на тема: „Правата на жените низ историјата и денес“ по повод 8 Март. На работилницата, Памела Петровска, член на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и Ангела Шаренкова, претседател на Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија, пред присутните ученици од прва и втора година, средно образование, излагаа за почетоците на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените со мажите и растежот на феминизмот низ историјата преку предводничките на женското движење за родова еднаквост. Притоа, беше отворена дискусија за правата на жената во 21 век. По презентацијата, учениците преминаа на креативниот дел од работилницата, изработувајќи осмомартовски картички со пораки за жената, кои по завршувањето им ги поделија на директорката, Марија Танева, професорките во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и на своите најблиски. Работилницата се организираше во рамки на годинашното мото за Интернационалниот ден на жената, #EmbraceEquity (Да ја прифатиме еднаквоста).
МЛАДИНСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
