28/08/2021 toni

Младинска акција за разубавување на градскиот парк

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, претставници на проектниот тим од Македонскиот центар за граѓанско образование и Младински образовен форум беа во посета на Гевгелија. Посетата се должеше на извшрувањето увид во активностите за реализација на иницијативата на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ и двете Основни училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“- Гевгелија – Младинската акција за разубавување на градскиот парк на улицата „Маршал Тито“.

По остварената средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, со претставниците од МЦГО и МОФ, Беса Речи и Дејан Ризински, заминаа во посета на градскиот парк, каде на лице место младите од Гевгелија работеа на оплеменувањето со нова урбана опрема, поставување на две нови реквизити за деца, фарбање на оградата и веќе постоечката урбана опрема. Како и новото лед-осветлување на паркот и хортикултурното уредување. За што, Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и имплементаторите на Проектот ги поддржаа младите со младинската акција да придонесат Гевгелија да биде уште поубаво место за живеење. На младинската акција присуствуваа и директорите на трите училишта, наставниците кои им помагаа на учениците и претставници на општинската администрација.