16/07/2025 toni

Министерката Јаневска ги додели наградите од конкурсот по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, под менторство на професорката Александра Ќаева е една од добитничките на конкурсот по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, кој го објави МОН на 5 мај, кога и се одбележува Денот на македонскиот јазик. Наградата на Тијана, но и на останатите добитници лично им ги честита министерката за образование и наука Проф д-р Весна Јаневска. Покрај Тијана добитници се и: Лука, Рига, Ива, Тијана, Аљдин и Ерина во две категории, за основно и за средно образование.
❗️Јазикот е душата и идентитетот на еден народ, симбол на индивидуалноста и уникатноста. Оттука, исклучително важно е да го почитуваме и да продолжиме да се грижиме за развојот на македонскиот, но и на сите други јазици на кои говорат граѓаните на Македонија, истакна министерката Проф д-р Весна Јаневска.