28/06/2021 toni

Меѓународен успех за Ана Папалазова и СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

Природно-математичкото здружение АРМАГАНКА ги објави резултатите од  олимпијадата по ФИНАСИСКА МАТЕМАТИКА И АКТУАРСТВО. На истата учесниците од Северна Македонија освоија дури седум места од кои едно златно, две сребрени и четири бронзени медаљи.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија со учеството на Ана Папалазова, поде менторство на професорите Јасмина Папалазова Костова и Зоран Филов го освоија првото место што претставува огромен успех како за ученичката и менторите така и за училиштето.

На олимпијадата, учествуваат ученици од Русија, Бугарија, Македонија, Туркменистан, Казахстан.

Во прилог ги наведуваме учениците кои се освојувачи на медаљи:

1. Ана Паплазова ,        златен медал

2. Илија Атанасов,        сребрен медал

3. Ненад Трајаноски,    сребрен медал

4. Филип Пушкинов,      бронзен медал

5. Филип Мицевски,      бронзен медал

6. Стефанија Кузамновска, бронзем медал

7. Живе Ристевски,       бронзен медал