Ученичките Мими Филова и Марија Павлоска на минатогододишната конференција на Македонски модел Обединети нации беа избрани да бидат дел од националниот тим како претставници на Коалицијата на младински организации СЕГА, при што учествуваа на младинската меѓународна конференција „Beijing Model United Nations (BEIMUN) 2018“.
Симулацијата се одржа во периодот од 13 до 18 март во Меѓународното училиште Пекинг (Beijing International School) и на неа учествуваа средношколци од целиот свет. Македонскиот тим се состоеше од шест ученика.
Во текот на овие пет дена учесниците имаа можност да дебатираат и решаваат светски проблеми играјајќи ја улогата на делегати на некоја држава, како и да се запознаат со некои од најпознатите знаменитости, како што се Големиот кинески ѕид, Забранетиот град, плоштадот Тјенанмен, Летната палата и Храмот на небото.