19/08/2022 toni

Пријавување во прва година во СОУ ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ Гевгелија

Почитувани деветтооделенци,
СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на 22 август 2022 година ќе врши упис на ученици во прва година кои од која било причина не биле во можност да го сторат тоа.
Исто така Училиштето ги повикува сите оние кои не биле примени во соодветниот посакуван профил во претходните три рока, повторно според бројот на поените да го изберат профилот што го посакуваат и електронски се запишат на 22 август 2022 година од 7.00 до 24.00 часот, а следниот ден, на 23 август ги поднесат документите во СОУ „Јосиф Јосифовски“.

Слободни места во СОУ „Јосиф Јосифовски “ од Гевгелија има во следните образовни профили:

– Гимназиско образование;

– УТС: келнер/готвач;

– Машинска струка;

– Здравствена струка.

📢 Запиши се во средно училиште во 4 чекори! 🧑💻

✅ Кликни го линкот кој води до онлајн апликацијата:

➡️ https://e-uslugi.mon.gov.mk

платформата со ваша е-пошта од www.schools.mk
и започнете со пополнување на апликацијата

 

✅ Пополни ги потребните податоци, скенирај или сликај и прикачи ги потребните документи (свидетелствата за VI, VII, VIII и IX одделение, извод од родени)

✅ Притисни аплицирај

✅ Испечати ја потврдата која треба да ја приложиш во нашето училиштe

Важно: Проверете да не сте ги заборавиле вашите кориснички имиња и лозинки на Microsoft Teams : schools.mk

Новата и единствена платформа за електронско запишување ученици во средните училишта овозможува едноставни и брзи уписи.