14/05/2019 Goran Manev

Крводарителска акција

Oпштинската организација на Црвениот крст на Гевгелија организираше редовна крводарителска акција во СОУ „Јосиф Јосифовски“ заедно со екипа од Републичкиот завод за трансфузиона медицина од Штип. Во акцијата која се одвиваше од 09 до 14 часот, 28 доброволни млади крводарители ја даруваа оваа драгоцена течност која може да спаси многу човечки животи.

Извор: ТВ НОВА