07/05/2018 Goran Manev

Конференција на Македонски модел на Обединети нации

На Конференцијата „ММОН (Македонски модел на Обединетите нации) 2018“ која се одржа на 28 април на Универзитетот ФОН во Скопје, сите делегати – членови на нашиот локален клуб „ММОН Гевгелија“ – се здобија со пофалници за исклучителна подготвеност и активно учество. Дeлегати =членови на конференцијата беа:

  1.  Mими Филова
  2. Мартина Трајаноска
  3. Марија Павлоска
  4. Филип Аблаков
  5. Бранка Ступар
  6. Ненад Кржев
  7. Тијана Ристовска
  8. Ванеса Маркова
  9. Пепи Карагонов
  10. Вања Карајанова

Клубот активно работеше неколку месеци со цел делегатите да се запознаат со правилата на работата на Обединетите нации, да вежбаат јавно говорење и да ја истражуваат и бранат позицијата на својата држава во однос на актуелни локални и глобални теми. Истовремено, ваквите едукативни сумулации се прилика младите да учат дипломатска комуникација применлива во спречување конфликти и поттикнување меѓународна соработка.

Ова е втора година како клубот „ММОН-Гевгелија“ учествуваше на Конференција на „Македонски модел на Обединетите нации“. Минатиот октомври нашите ученички Мими Филова и Марија Павлоска беа избрани да бидат дел од националниот тим како претставници на Коалицијата на младински организации СЕГА, при што учествуваа на младинската меѓународна  конференцијата „Beijing Model United Nations (BEIMUN) 2018“.