23/02/2023 toni

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СОРАБОТКА СО СРЕДНИТЕ УГОСТИТЕЛСКО – ТУРИСТИЧКИ УЧИЛИШТА ОД БАЛКАНОТ

На покана од СУГС “Лазар Танев” – Скопје, директорката на СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, Марија Танева  и професорот Бранко Бизоев, учествуваа на Kонференцијата за соработка со средните угостителско – туристички училишта од Балканот “Заедно сме поуспешни”. Целта беше да се разменат искуства од добри практики од образовниот процес и практичната настава, да се отворат можности за соработка помеѓу чилиштата во иднина, како и да се воведе рамка на идни активности во меѓусебната соработка.

На почетокот од конференцијата учесниците на настанот имаа кратка презентација за своите училишта и нивните досегашни достигнувања.  Се претставуваа наставните програми и планови и утврдените стандарди на занимања во образовните системи ка јсекоја од државите посебно. Произлегоа интересни предлози за соработка како и помош за унапредување на работата како помеѓу училиштата, така и помеѓу училиштата и факултетите.

На конференцијата покрај претставници од средните угостителско-туристички училишта од Белград, Нови Сад, Теслиќ и Гевгелија, присуствуваа и претставници од Факултетот за туризам и бизнис логистика од Гевгелија, при УГД Штип и Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје. Еден дел од училиштата (од Турција, Бугарија, Грција ), на конференцијата беа вклучени online.

На третата работна сесија од конференцијата, беше формирана рамка на идни активности за соработка, беа донесени заклучоци и утврдени термини на нова средба.

Настанот се одржа на 15 и 16 февруари, 2023 година.