26/09/2022 toni

Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш

Одбележан европскиот ден на јазиците во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

Европскиот ден на јазиците, 26 септември, беше одбележан во просториите на нашето училиште со креативна работилница за значењето на јазиците. Дваесет ученици од сите години и струки дискутираа и ја аргументираа важноста од познавањето јазици во сите области од живеењето. На крајот од настанот учениците поделени во групи учествуваа во квиз натпревар за интересни факти за јазиците.

Организацијата настанот беше под менторство на професорката по француски и латински јазик Мирјана Чамџиќ.