20/03/2020 toni

Известување за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“

Почитувани ученици,

со оглед на настанатата состојба сакаме да ве информираме дека наставниот кадар од СОУ „Јосиф Јосифовски“ ќе продолжи со својата педагошка улога со неформална едукација. Целта е подобро информирање и известување за содржините коишто требаше да ги изучите во второто тромесечие од ова полугодие.

Од неодамна на веб-страницата www.josifjosifovski.edu.mk е отворена категоријата е-УЧЕЊЕ во која се ставени предметите што ги изучувате, така што секој од вас може да отвори и да ја види содржината којашто е зададена за задача.

Секој наставник во наредниот период ќе поставува содржини, но исто така и ќе ве контактира за да ви даде насоки, да ви објасни или пак ги провери на друг начин вашите знаења. Наставниците ќе ве контактираат преку веќе создадените групи на социјалните мрежи или во форма која заеднички ќе ја изберете.

 

Ви посакуваме добро здравје и убаво поминати денови.