15/01/2023 toni

Изложба: Ана Франк – Историја за денес

СОУ„Јосиф Јосифовски“ Гевгелија преку 15 ученици – волонтери се вклучи во проектот на Младински Образовен Форум, односно во патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“. Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите се млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк, односно бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата досега има посетено четириесетина земји, а во нашата држава отворањето се случи во Министерството за надворешни работи во 2016 година, во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27-ми Јануари. МОФ се заблагодарува на СОУ„Јосиф Јосифовски“ за соработката и поддршката при проектот „Ана Франк – Историја за денес“ . Ваквите дополнителни и вонучилишни активности за учениците во средно образование придонесуваат за нивен севкупен личен и професионален развој .