13/02/2021 toni

Изборот на Ивана не е случаен

Ивана Бајрактарова завршува во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија во гимназиско образование, општествено-хуманистичко подрачје. Изборот не е случаен, затоа што Ивана гладта по знаење ја хранела од секој наставен предмет што ù овозможило навлегување во тајните на природните науки, но и богатење на интелектот од општествените подрачја во наставата.

Денес Ивана е лиценциран стоматолог и за себе вели дека го направила вистинскиот избор во животот.