29/10/2021 toni

ГРАН ПРИ ЗА НЕНА СТОJКОСКА

Организацискиот одбор на 54. Детски Рацинови средби  ги објави резултатите од  ликовниот конкурс на тема: „Детските сништа во мугрите”.

Комисијата во состав: координатор: Лили Арсова, Илчо Стојановски и м-р Филип Коруноски едногласно доделија ГРАН ПРИ на ученичката Нена Стојкоска од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, втора година, под менторство на професорката Розета Картова. Гевгелиското училиште доби уште една награда и тоа второ место за ученичката Марија Кичукова од втора година, под менторство на Розета Картова.

Резултати преземени од страницата на КП „Коста Солев Рацин“
ГРАН ПРИ
Нена Стојкоска 2 година
СОУ„Јосиф Јосифофски“Гевгелија, ментор Розета Картова;
Категорија средно образование
1.награда Моника Близнаковска
ОСУ„Ацо Русковски“Берово, ментор Слободан Пандов
2 награда
Марија Кичукова 2 клас
СОУ„Јосиф Јосифофски“Гевгелија, ментор Розета Картова
3 награда
Мартина Терзиска
ОСУ„Ацо Русковски“Берово, ментор Слободан Пандов
3 награда
Мартина Велеска 4 клас
СОУ„Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар, ментор: Дијана Колонџоска