16/05/2019 Goran Manev

Глас за мирот од учениците при СОУ ,, Јосиф Јосифовски “ Гевгелија

Под мотото „Мир, љубов и единство за подобра иднина“, средношколците учесници во проектните активности по англиски и француски јазик преку збор и музика го дадоа својот глас за мирот. Учениците и наставниците можеа да уживаат во прекрасната изведба на француски и англиски песни за промоција на мир, љубов и единство меѓу луѓето. Настанот беше збогатен и со позитивни пораки и мисли за семејството со цел да се одбележи и Меѓународниот ден на семејството, 15 Мај.

Носители на оваа активност беа професорите Мирјана Чамџиќ,  Илија Атанасов и Кристина Пренда.