Меѓународниот филмски фестивал „Преку Езерото“ (Across the Lake Film Festival), кој се одржува во Дојран од 7 до 12 август 2025, годинава во својата програма ја вклучи и работата на нашите средношколци од Гевгелија.
На 7 август (четврток), учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, ќе ги прикажат своите авторски кратки филмови, создадени во рамките на Cinemalabs, како дел од европскиот проект CLOSE: Инклузивни Образовни средини и социјално-емоционално учење преку филм. Ќе бидат прикажани филмовите:
СТОП (Нели гледате дека ми е срам?)
Траење: 9:34
Улоги: Стефанија Маркова, Катерина Јовановска, Викторија Тодорова, Јована Дупарова, Костадин Узунов, Димитар Стојчевски
Ментор: Стефчо Стефанов
Содржина: Филмот обработува тема за тивкото оптоварување на личноста преку претерано „добронамерно“ внимание од средината. Иако на површина сè изгледа нормално, притисокот што го создава социјалната средина доведува до чувствителност, повлекување и потреба за бегање.
Кога гневот нема да стивне
Инспириран од драмата на Дејан Дуковски, филмот е темна анализа на бесот како производ на пасивното општество. Тој прикажува емоционален распад на поединецот кој живее во систем што не нуди решенија, но и поставува прашање: „Кој го држи пилотот на сопствениот живот?“
Ментори: Даниела Џишева, Маја Проданова и Тони Аврамов.
– 7 август:
20:00 – Презентација на ученичките филмови од СОУ Јосиф Јосифовски
Работилница за филмска писменост – младите и иднината на филмот
21:00 – Проекција на анимираниот филм „Jon Vardar Against the Universe“
Локација: Детско игралиште, Градски парк – Дојран
За фестивалот: Фестивалот Across the Lake Film Festival се одржува во Дојран од 7 до 12 август, со богата програма која вклучува филмски проекции, дискусии со реномирани автори, мастер-класи (Лазар Ристовски), вечерни дружби под ѕвездите.
Проект CLOSE се спроведува со поддршка од Еразмус+ програмата на Европската Унија.
Close – Close Erasmus Project

