СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја продолжува воспоставената соработка со Домот на културата од Гевгелија.
Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ со професорката по македонски јазик и литература Тања Чугунцалиева беа во посета на Народниот театар каде што се запознаа со работата на фолклорната дејност. Учениците посетата ја искористија и за запознавање со актуелните настани на Домот на културата – поставената изложба „Скопје со културните добра“ и етнолошката поставка.