Наставник: Марија Танева
Физика -Дневник за работа од 23-27.03
*
I-5
Повторување на темата Флуиди
Кликнете овде: https://peperutkam.blogspot.com/
Домашна задача: да се реши наставниот лист во тетратките
*
Наставник: Марија Танева
II-2
Брзина, забрзување и сила при хармониско осцилаторно движење
-Нумерички вежби
Кликнете овде: https://fizikaii.blogspot.com/2020/03/blog-post.html
Да се проучи лекцијата од учебникот и за дома прашања и задачи
*
Наставник: Марија Танева
IV -ПМА и ПМБ
-Порозни материјали
-Полимерни материјали
-Композитни материјали
Учениците да ги проучат лекциите од учебникот и за дома да направат powerpoint презентација
*
Наставник: Рамона Панорова
Клас: III – 1,2,3,4,5
Според наставната програма треба да се проучи темата “Нуклеарна физика”.
Да се проучи лекцијата од учебникот и одговорите на прашањата и задачите да се испратат на емаил: [email protected]
I – Енергија на сврзување на атомското јадро
1.Што е енергија на сврзување на јадрото? (дефиниција и формула (5) )
2.Што е дефект на масата на јадрото? (дефиниција и формула (2) )
-Да се решат примерите 1,2 и 3 од учебникот на стр. 137
II – Радиоактивност
1.Што претставува природната радиоактивност?
2.Што претставуваат (алфа) – зраците, (бета) – зраците , (гама) зраците.
3.Напиши и објасни (алфа) – распаѓање! (формула 1)
4.Напиши и објасни (бета)- распаѓање! (формула 3,4 и 7)
-Прашања и задачи: стр. 143 задачи: 1,2,3,4
III – Закон за радиоактивно распаѓање. Вештачка трансмутација на јадро
1.Напиши што е активност на радиактивно јадро и нејзина мерна единица!
2.Што е период на полураспаѓање Т ½?
3.Напиши го законот за радиоактивно распаѓање ! (формула 3, 4 и објасни)
4.Напиши ја константата на радиактивното распаѓање!
5.Што е вештачка трансмутација?
6.Напиши равенка за добивање протон! (6)
7.Напиши равенка за добивање неутрон! (7)
– Да се решат примерите 1,2 и 3!
Ова се содржините што треба да ги научите и напишете до 15-ти Април.
За клас: II- 1,3,4,5 важи исто како за II-2
За клас I-4 важи исто како за I-5