Европски ден на јазиците
Низ цела Европа, 800 Милиони Европејци, застапени во 47 земји – членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштата. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.
По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година на 26 Септември – заедно со Европската комисија.
Оваа година СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ќе го одбележи Европскиот ден на јазиците со програма во која учествуваат ученици од училиштето, а која е организирана од наставниците од активите за странски јазици и македонски јазик.