29/11/2020 toni

Есенско уредување на училишниот двор

dav

Во СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија привршуваат активностите околу уредувањето на училишниот двор. Изминатиот месец интензивно се работеше на кастрење и средување на хортикултирните растенија, а последните денови беа откорнати и старите корења од самоникнатите растенија.

Во целиот зафат училиштето имаше поддршка но и помош во механизација од ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија.