На 15.11.2024 година учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија од секторот Економија, право и трговија реализираа еднодневна едукативна посета на Државниот завод за статистика и Македонска берза АД Скопје во Скопје;
Учениците научија дека статистичките информации во денешно време се од суштинско значење за процесот на одлучување во едно општество;
Државниот завод за статистика ја има функцијата за прибирање, обработка и дисеминиција на статистичките податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество;
Како да се користи МАКСтат базата на податоци;
Што е берза, како таа функционира и како се инвестира паметно;
Се стекнаа со знаење за хартии од вредност и инвестирање во хартии од вредност;
Како да тргуваме на Македонската берза.