Иако оваа година е специфична, асоцијацијата „Еврокласика“, чиј член е здружението на класични филолози „Антика“, успеа да ги организира натпреварите по класичните јазици ELEX (старогрчки) и ELEX (латински јазик). Натпреварот се одвиваше онлајн, а од СОУ „Јосиф Јосифовски“ учествуваа две ученички: Благица Такашманова и Нина Ангелкова под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ. Успешното претставување ученичките го закитија со два сребрени медала.
Два сребрени медала за ученички од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија
