15/05/2022 toni

Драмската секција од гевгелиската гимназија го освои првото место на Образовното рандеву

Под раководство на професорката Даниела Џишева драмската секција „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на овогодинешниот натпревар „Образовно Рандеву“ во организација на МАССУМ го освои првото место со драмската претстава „Срешта“ од Војдан Чернодрински.

Инаку МАССУМ со поддршка на проектот на УСАИД- Активности во средното образование- СЕА ја организира манифестацијата „Образовно Рандеву“ на којашто 70-тина средни училишта преку свои штандови ја презентираа работата на нивните училиштата. Учениците имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои знаења, умеења и вештини.