Во средните и основните училишта во Македонија веќе подолг период се реалзираат активности поврзани со меѓуетничкото интегрирање на младите во општественото живеење. За успешно реализиран „Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието“, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија доби донација на техничка опрема за поддршка на активности за подобрување на демократска клима во училиштето. Проектот е имплементиран од страна на МЦГО-Македонски центар за граѓанско образование Скопје.
Донација за успешна имплементација на МИО
