Во дворот на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ се одржа свеченост по повод завршувањето на школувањето на уште една генерација на ученици од ова училиште.


Заблагодарувајќи се на ова високо признание, првенецот на генерацијата, Елена Брзилова најнапред рече дека и е чест што оваа награда ја добива во конкуренција на прекрасните и одлични свои другари и другарки, кои влегоа во потесниот избор. Од свое име, како и од името на целата оваа генерација матуранти таа им се заблагодари, најнапред на сите вработени во СОУ „Јосиф Јосифовски“, а особено на сите професори кои, како што кажа таа, за цело време се трудеа, не мотивираа и поддржуваа во нашето четиригодишно школување.
Нека ова, истакна таа, биде почеток на остварување на сите наши идни планови. Затоа, сакам да ви порачам, рече Брзилова, секогаш во вашите животи да го пронајдете она што го сакате, да го пронајдете вистинскиот пат и секогаш да се стремите кон повисоки цели.

На крајот од обраќањата, во просториите на Училиштето, класните раководители им ги доделија дипломите на матурантите за завршеното средно образование.