СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е синоним за добро организирано и квалитетно училиште во кое годишно се школуваат повеќе од 1000 ученици. Веќе 64 години СОУ „Јосиф Јосифовски“ е диригент на образовните и културните текови во градот.

Успесите и постигањата докажуваат дека учениците и вработените се искрено посветени на работата. Говорот на нашата работа е огледало на нашите афинитети – да бидеме претпазливи пред иднината, но да ги користиме придобивките од минатото.

Предизвикувајќи ја иднината, ние докажуваме дека не се плашиме од она што ни претстои, но истовремено докажуваме дека целосно сме подготвени за новите предизвици, подготвени за да го дадеме максимумот од својот педагошки лик кој треба да биде огледало за младите генерации.

Во композицијата наречена образовен систем, ние сме алката која го поврзува младиот човек со идната професија. Неговата определба во средношколските клупи е негова идна патека по која ќе чекори во животот. Колку што повеќе се даваме себеси како наставници, толку повеќе сме учители на животот, патокази на сообраќајната раскрсница во која влегува ученикот по завршувањето на средното образование.

Ние градиме здрава иднина со нашите знаења и умеења, со принципите на општеството кое го надополнуваат не само ученичкото портфолио туку и нашето. Наставниот кадар во СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја има привилегијата да му се приклучи на современото општество преку повеќе проекти што се реализираат во текот на годините.

За остварување на својата визија, во Училиштето постои соодветен простор Образованието е лулка на знаењето. Знаењето е отворена врата за чекор понатаму во животот.

Преку користење на искуствата од традицијата, со добра организација и стручен наставен кадар, со максимално ангажирање и мотивирање за да се постигне крајната цел – модерно и современо училиште. Од нашето училиште патот го започнаа голем број градители на денешното општество, видни и истакнати професори и лекари, архитекти и уметници, политичари и вредни работници.

Ние сме императивот со кој се именува плодната иднина, ние сме темелот врз кој се гради иднината на Гевгелија. СОУ „Јосиф Јосифовски“ денес е почитуван и респектиран партнер во заедницата, извор од кој пие приватниот бизнис-сектор, но и непресушен бунар кој го напојува интелектот на јавниот сектор.

Оценката на заедницата, нивното мислење за нас, одекнува како ехо во нашите редови. Колку што ние сме внесени во педагошко-образовниот процес, толку повеќе ги црпиме животните вештини од средината во која живееме и се движиме. Нашите навики, нашиот начин на комуницирање и нашето размислување се огледало за средината и лекција за младата генерација.

Со почит,

Борче Нечевски

директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија