18/03/2023 toni

Ден со барменот Перунковски

Учениците од секторот Угостителство и туризам имаа привилегија да се запознаат со Методи Перунковски, најдобриот бармен во Македонија и добитник на бројни медали и награди на државни и светски натпревари во барменство. Методи со задоволство сподели дел од неговата креативност и вештини во стручно мешање пијалаци, а учениците беа воодушевени што можеа преку практичната презентација на неговата работа да учат и сами да подготвуваат и дегустираат коктели.