19/05/2022 toni

Дебата: Латинскиот е мртов јазик

На 18.5.2022 година во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски” се оддржа дебата под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ на тема Латинскиот е мртов јазик. Учениците Магдалена Димова, Тања Маркова, Велика Бучкова, Благоја Панов, Трајче Динев, Танкица Божиновска, Зоран Алексов и Радица Бојмалиева околу еден час дебатираа на оваа тема, ги вкрстуваа аргументите и ги искажуваа своите ставови. На крајот од дебатата сите се сoгласија дека негувањето и знаењето јазици е богатство без оглед на тоа како некој ги нарекува. Учениците и публиката беа задоволни и покажаа желба и во иднина да се организираат вакви дебати.