Дарувањето ја облагородува душата!


Учениците од средношколската заедница при СОУ ,,Јосиф Јосифовски“ предводени од професорката Мирјана Чамџиќ уште еднаш ја покажаа нивната хуманост и емпатија со оние на кои особено им треба љубов, внимание и помош. Раководени од хуманите чувства одлучија собраните средства од хуманитарниот базар да ги насочат кон лицата кои престојуваат во ,,Дневен центар за лица со умерена и тешка попреченост”. Заедничкото дружење и новиот телевизор предизвика радост и кај корисниците на услугите на центарот и кај учениците. Да се надеваме дека ова ќе биде поттик и за другите да направат добро дело!

Comments

comments

Check Also

Втора и трета награда на Регионален натпревар по математика и пласман на Државен натпревар

На 16.2.2019год. во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово се одржа Регионалниот натпревар по математика за ученици …

Powered by keepvid themefull earn money