17/04/2018 Goran Manev

Честитки за Кристина! 

Втора награда за ученичката Кристина Митреска на меѓународниот натпревар за есеј на тема „Писмо до Марија Кири“ по повод 150 години од раѓањето на извонредната нобеловка.

Ученичката од трета година при ,,Јосиф Јосифовски” Гевгелија под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ се натпреваруваше со 167 учесници од 22 држави.

Натпреварот e организиран од Меѓународната организација за франкофонија во соработка со француското министерство за култура. Наградата ѝ ја врачи г. Емануел Рембер директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка.