13/05/2016 Goran Manev

Прва награда за Теодора Атанасова на државниот натпревар „Четири литературни манифестации“

СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија постигна огромен успех на државниот натпревар “Четири литературни манифестации” во организација на Милица Паулис 2016 кој се одржа на 21.4.2016 во манастирот “Свети Ѓорѓи” во Неготино.

Ученичката Теодора Атанасова под менторство на професорката Жаклина Атанасова ја освои првата награда и златен медал во категоријата лично творештво – поезија.