20/10/2021 toni

Предавање за ПРВА ПОМОШ

Во организација на Црвен крст – Гевгелија во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија се одржа предавање за Прва помош на наставници, како и демонстрација на прирачникот по Прва помош. Активностите за предавање на Прва помош на наставници се
преземаат по повод „Светски ден на Прва помош“ која е една од календарските активности на Црвен крст на Република Северна Македонија. Предавањето беше реализирано од страна на квалификуваниот демонстратор по Прва помош Марина Караташева.