20/04/2016

20 годишен јубилеј на драмската група „Дон кихот“

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија одбележува 20 години од формирањето и поставувањето на првата претстава  „Што ако има вејавица и Дедо Мраз добие кивавица“.

Новогодишната претстава за деца е во режија на професорката Даниела Џишева. Во првата претстава, меѓу другите, улогите ги толкуваа: Тони Аврамов (денес професор во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија), Велика Караџова (професорка по англиски јазик), Јордан Дуков (новинар во телевизија Телма) и др.