12/05/2016 Goran Manev

Хуманитарни спортски натпревари за Ивана Прочкова

Драги пријатели,

Хуманоста е непроценлива вредност во животот. Да ја покажеме нашата човечност во моменти кога некому му е најпотребна.

Средношколската заедница на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија со партиципирње  на женскиот кошаркарски тим од СОУ„Богданци“ Ве поканува на хуманитарни спортски натпревари на 13.5.2016год. (петок) со почеток од 17 часот во спортската сала „26 Април“.

Собраните средства се наменети за лекување на деветгодишната Ивана Прочкова од Богданци.

Ве очекуваме!