28/11/2016 Goran Manev

Хуманитарен божиќен базар ,, НЕ за семејното насилство врз децата ”

Во четврток на 1 Декември, од 10 до 14 часот во центарот на градот, Средношколската организација при СОУ ,, Јосиф Јосифовски “ во соработка со активот по француски јазик организира хуманитарен базар со цел да им се помогне на децата жртви на семејно насилство. На настанот ќе учествуваат голем број на ученици, наставници и претставници од ЗГ ,, Подршка ”. Учениците ќе подготвуваат солени, слатки, посни, интегрални јадења, свежи сокови, кафе и апетисани. Собраните средства ќе се донираат на старателите на децата кои се жртви на семејно насилство.
ВЕ ПОКАНУВАМЕ И ВИЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ХУМАН НАСТАН!