20/04/2016 Goran Manev

Училишна матура и завршен испит

Училишната матура во гимназиското образование и завршниот испит во четиригодишното стручно образование ќе се спроведат во два испитни рока, и тоа во јуни и август.

Во јунскиот рок:

* задолжителен дел (македонски јазик и литература) на 16. јуни 2015 година, со почеток во 9 часот

Во августовскиот рок:

* задолжителен дел (македонски јазик и литература) на 17. август 2015 година, со почеток во 9 часот

Испитот од изборниот дел на училишната матура во гимназиското образование и четиригодишното стручно образование, како и проектната задача ќе се спроведат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии, и тоа:

* во јунскиот испитен рок во времето од 17. до 30. јуни 2015 година

* во августовскиот испитен рок во времето од 18. до 22. август 2015 година.

За поуспешна реализација и подобри резултати на учениците нашето училиште ќе организира подготвителна настава, консултации и други форми за помош на учениците во периодот од мај до август 2015 година.

Завршниот испит во тригодишното стручно образование ќе се спроведе во три испитна рока, и тоа: јуни, август и јануари.

Во јунскиот рок:

* македонски јазик и литература на 16. јуни 2015 година, со почеток во 9 часот

Во августовскиот рок:

* македонски јазик и литература 17. август 2015 година, со почеток во 9 часот

Во јануарскиот рок за време на зимскиот одмор на учениците.

Индивидуалната практична работа во тригодишното стручно образование ќе се спроведе во термини утврдени од Училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии.