12/12/2016 Goran Manev

Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ учествуваа  на Медиумскиот ден

Во рамки на Медиумскиот ден 100-тина средношколци од различни градови да посетија неколку медиуми (телевизија, радио, онлајн медиум и весник) со цел младите на непосреден начин да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, новинарските стандарди, како и со начинот на подготовката на информативните содржини во редакциите.

Првата посета учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја направија во редакцијата на веб-порталот „Телеграф“ запознавајќи се со работата и начинот на создавање информација.

15451367_10210158583112410_1824230184_n

Втората посета се реалзираше во телевизијата „РТВ 21“ каде учениците беа воодушевени од начинот на работа, но имаа можност и самите преку вежба да направат редослед на новинарски прилози во вести со помош на главниот уредник на телевизијата Васко Меглешов.

15403214_10210158583272414_1866615646_n

Радио „МОФ“ беше последниот медиум за посета. Техничките лица од радиото реалзиираа неколку прилози со учениците кои ги монтираа, а некои и јавно ги емитуваа.

По посетите во редакциите, Високата школа организира и дебата посветена на трендот за пласирање лажни вести на интернет и како младите да умеат да препознаат вакви содржини.

Медиумскиот ден за средношколци е организиран во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, којшто Високата школа за новинарство и односи со јавноста го спроведува во партнерство со Нова Македонија и Институтот за различности во медиумите од Лондон, а е поддржан од Европската Унија.

15494140_10210158583192412_627166280_n