20/04/2016

Трето место за нашите математичари

Димитар Стефанов и Мими Филова, ученици од СОУ Јосиф Јосифовски, го освоија третото место на државниот натпревар по математика за средните училишта кој се одржа во Скопје на Машинскиот факултет.

Со ова признание, Стефанов и Филова се стекнаа со право да настапат на математичката олимпијада. На истиот натпревар учениците Росана Динева и Марија Бикова освоија пофалници.