28/11/2016 Goran Manev

Тренинг – симулација за Европска унија

На 25 и 26 ноември во просториите на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија се одржа тренинг симулацијата потпомогната од фондацијата „Конрад Аденауер“-Скопје на тема : „Визии и желби за Европа-модел на иднината на Европа“.

15211679_1679600825663973_1593682854_n

Во оваа тренинг-симулација учествуваа 43 ученика од гимназиските паралелки  од втора, трета и четврта година и имаа за цел да се запознаат со работата и функционирањето на ЕУ како и за институциите во Унијата.

15226386_1679600875663968_548044678_n

Седум ученици од нив со најдобри апликации имаат учество на завршната конференција во Маврово со други ученици од земјата кои ќе добијат меѓународни сертификати за учество на тренинг-симулацијата. Тренинг симулацијата беше под менторство на професорките Ирена Трајкова и Билјана Панова.