20/04/2016

Театарска претстава за Дедо Мраз

“Дајте му глас на заробениот Дедо Мраз” е новогодишната претстава која ќе се прикажува за најмладите гевгеличани во Народниот театар во Гевгелија. Автор на текстот е Тони Аврамов, режијата е на Даниела Џишева, а во неа учествуваат ученици од СОУ “Јосиф Јосифовски”.

Во среда на 24 и во четврток на 25 декември со почеток од 10 и од 12 часот најмладите од Гевгелија ќе дознаат кој и зошто го заробил Дедо Мраз.