20/04/2016

Средното економско училиште од Гостивар во посета на СОУ Јосиф Јосифовски

Проектот „Социјална кохезија во средните училишта“ има за цел да создаде и пилотира различни алатки и постапки кои ќе се применуваат за градење на доверба, помирување и справување со предизвици и разбирање на различностите во 12 средни училишта во Македонија.

Во рамки на распоредот за активности за имплементација на проектот „Социјална кохезија во средните училишта“ се реализира размена на ученици. Ученици и тим од наставници од средното економско училиште од Гостивар го посетија СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и беа дел од неколку креативни работилници.

Резултатот од проектот ќе биде изработка на методологија за справување со предизвици, водич за градење доверба и разбирање на различностите за средни училишта, развивање на капацитети на стручните служби и пилотирање на методологијата за справување со предизвици.