20/04/2016

Средба на претставници од БУМ со директорот на СОУ Јосиф Јосифовски

На ден 01.06.2015 година, претставници на Младинскиот клуб БУМ остварија средба со директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“, г-дин Борче Нечевски.  Целта на средбата беше доделување Благодарница на директорот од страна на клубот за досегашната соработка, односно за понудената поддршка од страна на директорот при спроведување на активностите во клубовите Учиме право и Дебата.

Двете страни изразија благодарност и ветување дека и понатаму ќе продолжат да го практикуваат неформалното образование како ресурс за стекнување на нови знаења и вештини за активно учество во општествените случувања.