25/05/2017 Goran Manev

Спортски натпревари со хумани цели

Спортски натпревари со хумани цели

 Под мотото „Еднаквост за сите семејства” ќе се оддржат спортски натпревари во мал фудбал, ракомет и кошарка. Учество ќе земат средношколците од СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија  и  СОУ „Богданци” од Богданци.

Настанот ќе се случи на 26 Мај (петок) во 12 часот во спортската сала во Гевгелија.

Бидете дел од спортските доживувања и бидете хумани! Собраните средства ќе бидат наменети за ученици кои потекнуваат од семејства во социјален ризик.

 Влезница 30 ден.

Организатор на настанот: Средношколска организација при СОУ„Јосиф Јосифовски” во соработка со ОО на Црвен крст-Гевгелија